Кустурица: Албанците не ги сакаат Србите, па ниту мене

Од:

Познатиот филмски режисер Емир Кустурица денеска изјави дека Албанците целиот српски народ го прогласија за „персона нон грата“ на Косово и Метохија, па не е изненаден што и него го класифицираат во тој ред.

-Нивното барање да ме прогласат за „персона нон грата“ се прифаќа. Бидејќи ни ги оскрнавија гробовите, ги срушија спомениците, сега рекоа дека не треба да доаѓаме овде. Но тоа не е ништо ново, изјави Кустурица.

Претседателот на косовското здружение на филмските уметници, Љирак Чељај бара Кустурица да се прогласи за непожелен, поради најавата дека ќе снима филм за трговија со човечки органи на Косово. Тој смета дека тоа е анти-албанска пропаганда.

-Оваа најава бара реакции од локалните власти, но и од меѓународната заедница. Кустурица не може да го наречеме уметник, бидејќи го подржува режимот на Слободан Милошевиќ, истакна Чељај кој неодамна беше именуван за претседател на приштинскиот одбор на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи.

На прашањето да го прокоментира барањето на Чељај, Кустурица истакна дека трговијата со органи е елемент кој не се користи во преговорите помеѓу Белград и Приштина, иако претставува најбрутален израз на овој век.

Кустурица неодамна најави дека ќе сними филм за трговијата со органи на Косово како една од најголемите теми на овој век и најбрутален акт, а додаде дека филмот ќе се снима во наредните три години, бидејќи се работи за голем проект и бара големи подготовки и инвестиции.

Тој изјави дека филмот би се снимал во Русија, бидејќи таму веќе е најавен еден проект, а и свесен е дека не би му било дозволено да снима на Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија