Курти: Уставот на Косово не дозволува обединување со Албанија

Од:

Лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти денеска изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не го дозволува уставот на Косово.

За време на неговата посета на Љеш во Албанија, тој рече дека тоа е желба на сите Албанци, но дека за такво нешто ќе биде потребно време.

– За жал, уставот на Косово е контрадикторен. Еден член наведува дека Косово е независна држава, во друг дека е забрането да се обединува со друга држава. Во исто време, тоа е пречка за европската интеграција, рече Курти.

Тој исто така рече дека е несомнено Албанија и Косово да мора да бидат координирани кон приближување, интеграција и унија, особено во клучните области – безбедноста, енергијата и природните ресурси и надворешната политика.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски