Курти: Србија се вооружува поради стравот дека ќе остане сама

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека постојаното вооружување на Србија е одраз на нејзиниот страв дека ќе остане осамена „кога ќе стане јасно дека веќе нема да може да седи на неколку столици“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти вели дека Косово е загрижено и внимателно поради постојаното вооружување на Србија со ракетни ситеми и друго оружје од Кина и Русија, но дека не се плаши.

– Знаеме дека имаат 42 воени бази на границата со Косово, која е 178 километри долга, но и покрај тоа ние не се плашиме, затоа што, иако не сме во НАТО, НАТО е кај нас… Верувам дека и територијата, и државата, и граѓаните се безбедни. Додека Србија се чини дека е во паника, кога гледа дека не може да седи на три столици истовремено, рече Курти на денешната прес-конференција.

Сепак, смета косовскиот премиер, вооружувањето на Србија не е безопасно за регионот.

– Таа (Србија) се обидува да се зајакне себеси, затоа што може да остане осмена. Значи, постојаното вооружување на Србија не е безопасно за регионот и за Република Косово, но од друга страна е одраз на стравот дека ќе остане сама кога ќе стане јасно дека веќе нема да може да седи на неколку столици, како што е навикната, изјави Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија