Курти: Штрајкот во косовското образование се користи како оружје против премиерот

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека штрајкот во косовското образование, организиран од Обединетиот синдикат за образование, наука и култура на Косово (СБАШК), се користи од опозицијата лично против него како премиер, јави дописникот на МИА од Приштина.

dobivaj vesti na viber

Во денешното обраќање на седницата на Собранието на Косово, на која се расправа за штрајкот во образовните и други јавни институции, поради кој сé уште не е започната новата учебна година во речиси сите основни и средни училишта во земјата, Курти рече дека од говорите на пратениците на опозициски партии може јасно да се види дека тие не се за подобрување на состојбата на наставниот кадар, туку за уривање на премиерот.

– Во суштината на сево ова е хроничното неприфаќање на резултатите (од последните парламентарни избори) од 14 февруари минатата година. Тоа е проблем, но јас немам што да правам, народот гласаше. Овие ги мачи тоа што јас сум премиер, а не тоа што учениците не одат на училиште. Тоа е главната мака, штрајкот се користи како оружје против премиерот, изјави Курти.

Тој забележа и дека Унијата на независни синдикати на Косово (БСПК) го најави штрајкот на 17 август, односно во моментот кога тој отпатува за Брисел, на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– На 17 август беше најавен генерален штрајк додека јас отпатував за Брисел тој ден за утредента пет часа да разговарам со српскиот претседател. На 17-ти главна вест во Косово беше започнувањето на штрајкот. Значи, го имате премиерот кој преговара со нашиот северен агресивен и злонамерен сосед, во момент кога дома е најавен масовен штрајк на БСПК, рече Курти.

Образовниот и другите синдикати од јавниот сектор на 25 август започнаа штрајк, со барање за додаток од 100 евра на платите на вработените, до донесување на новиот закон за плати. Курти и владата упорно одбиваат да го исполнат тоа барање и наместо тоа донесоа социјален пакет, со кој, меѓу другото, на вработените во јавниот сектор ќе им биде исплаќан додаток од 50 евра во наредните три месеци. Меѓутоа, СБАШК не отстапува од своите барања, така што училиштата и натаму остануваат затворени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Владата на Косово потврди: Атентатот на Курти требало да го изврши Албанец со добри снајперистички способности

А1он

Курти: Министерот не може сам да се справи со состојбата во косовското здравство

А1он

Премиерот Курти во ненајавена посета на Тирана

А1он

Штрајкот на косовските просветни работници продолжува и по средбата со Курти

А1он

Курти: Народот знае дека обединувањето на Косово и Албанија е неопходно

А1он

Курти се закани: Имате два месеци да ги смените регистарските таблички, ослободени сте од даноци до 5000 евра

А1он