Курти: Косовските полицајци се киднапирани, Србија изврши агресија

Од:

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека тројцата уапсени косовски полицајци се киднапирани и дека на 14 јуни, како што вели, Србија извршила агресија.

Тој на прес-конференција заедно со министерката за надворешни работи Доника Гервала им се обрати на новинарите и изјави дека Јетиш Јашари од Канцеларијата за врски на Косово во Србија посети тројца полицајци кои се во притвор во централна Србија.

„Иста е и приказната на полицајците, како и како се случило киднапирањето. Тие велат дека биле на импровизирана трпезариска маса и 15 луѓе ги опколиле, нападнале и киднапирале. Сите тројца ја раскажуваат истата приказна на посебно прашање од нашиот амбасадор. Ова ја елиминира дилемата. Србија изврши агресија на 14 јуни“, рече Курти и додаде дека полицајците биле на службена должност на една од 15-те рути кои, како што наведе, биле затворени поради шверц.

Курти изјави дека е подготвен да оди на состанок во Брисел, да каже дека деескалацијата на ситуацијата значи итно ослободување на тројцата полицајци.

„Да, јас сум подготвен и заинтересиран да одам на следниот состанок во Брисел, за да можеме детално да ги презентираме информациите што ги добивме и да разбереме дека деескалацијата на ситуацијата, која сите ја бараат, значи итно ослободување на тројца полицајци и казната за српската агресија врз Косово“, рече Курти на прес-конференција.

Според Курти, нормализацијата на односите значи безусловна примена на основниот договор.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши

Курти: Милан Радоичиќ планира нови напади на Косово

Шолц: Вучиќ и Курти ќе го спроведат договореното

Горан Наумовски