Курти: Јас сум премиер на надеж и напредок

Од:

Премиерот Албин Курти денеска рече дека изјавите во Белград за убиства и насилство зборуваат „за нив и нивната имагинација и планови, а не за Косово“.

„Прво, врз основа на победата во февруари минатата година, јас сум премиер на надеж и напредок, додека во Србија имате претседател на страв и закани. Кога во Србија зборуваат за насилство, зборуваат за себе не зборуваат за нашата република, нашите институции зборуваат за нас, рече Курти.

Шефот на владата во Приштина додаде дека Косово е за долгорочен мир и стабилност.

„Први август требаше да биде целосно мирен, но на 31 јули беа подигнати барикади од луѓе кои охрабруваа и организираа и финансираа паралелни структури кои станаа криминални банди. Па кога зборуваат, зборуваат за себе, ние сме за долгорочен мир и стабилност и треба да ги заштитиме не само суверенитетот и територијалниот интегритет, туку и демократијата, владеењето на правото и никогаш да не го заборавиме напредокот“, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши

Курти: Милан Радоичиќ планира нови напади на Косово

Шолц: Вучиќ и Курти ќе го спроведат договореното

Горан Наумовски