Курти ги поддржа САД по нападот врз Иран: Тоа е наш пријател, демократска суперсила која треба да се поддржи

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти реагираше откако САД ги нападнаа нуклеарните постројки во Иран.

„Меѓународната безбедност има потреба од помалку нуклеарно оружје, а не повеќе нуклеарни бомби кои го загрозуваат целото човештво. Особено кога авторитарните држави развиваат програми за нуклеарно оружје, ова прашање станува итно и алармантно“, рече Курти.

Тој додаде дека Косово ја поддржува позицијата на САД и Европската Унија во врска со програмата на Иран за обезбедување нуклеарно оружје.

„САД се наш главен сојузник, незаменлив партнер и посебен пријател. Република Косово е цврсто решена да ги заштити демократските и евроатлантските вредности. САД се демократска суперсила која треба да се поддржи“, заклучи Курти.

Во ноќта на 22 јуни, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД извршиле успешен напад врз „три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Исфахан“.

Тој изјави дека Техеран треба да се согласи да го прекине конфликтот. Пред тоа, од 13 јуни, Израел секојдневно изведуваше напади врз Иран, наведувајќи како цел уништување на ракетните и нуклеарните програми на земјата.

Би можело да ве интересира

Туск ги повика Полјаците да го напуштат Иран: „Не сакам никого да плашам, но…“

А1он

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Техеран со остра порака до Вашингтон: Стоп за заканите со сила

Горан Наумовски

CBS: Американската војска е подготвена да го нападне Иран во сабота, Трамп сè уште не донел одлука

Трамп со последен ултиматум до Иран: Војната може да започне во секој момент!

А1он

Иран подготвува гробишта за 5.000 американски војници во Техеран

А1он