Курти: Договор меѓу Косово и Србија може да се постигне за неколку месеци – доколку постои волја

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека конечен договор меѓу Косово и Србија, доколку постои сериозна желба за нормализација на односите, може да се постигне веќе за неколку месеци, односно до идната пролет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќање пред новинарите по денешната посета на невладината организација Хендикос, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Курти рече дека за конечен договор воопшто не се потребни години, под услов тоа навистина да се сака.

– Ако сериозно сакаме договор и ако навистина сакаме целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, воопшто нема сомнежи дека за тоа не се потребни неколку години, туку би рекол дека се доволни неколку месеци, секако пред напролет идната година, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши

Курти: Милан Радоичиќ планира нови напади на Косово

Шолц: Вучиќ и Курти ќе го спроведат договореното

Горан Наумовски