Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Од:

Косовската претседателка Вјоса Османи објави дека му го доверила мандатот на претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, за формирање нова Влада на Косово, со што е исполнет условот за свикување собраниска седница за избор на нова Влада.

„Денес, во согласност со Уставот на Косово, го назначив премиерот Албин Курти за мандатар за формирање на Владата на Република Косово. Му посакувам успех во водењето на новата Влада и во службата на граѓаните на Република Косово. Нека му е многу среќа“, напиша Османи на Фејсбук.

Се очекува косовското собрание вечерва да гласа за формирање на третата Влада на Албин Курти.

Косовското собрание беше конституирано денес, при што Албулена Хаџиу беше избрана за претседател на Собранието, а беа избрани и пет потпретседатели, меѓу кои и Славко Симиќ од Српската листа.

Би можело да ве интересира

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај

Атифете Јахјага негира каква било поврзаност со досието Епштајн

А1он

Во возило во Приштина пронајден е мртов политичар од партијата на Харадинај

А1он

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он