Кучи: Приштина се надева на договор со Белград

Од:

Заменик на премиерот на Косово, Хајредин Кучи изјави дека владата во Косово е насочена кон постигнување договор со Белград и дека очекува Србија позитивно да одговори на предложениот договор.

Според него Косово работи на пронаоѓање договор и дека потоа може да се разгледа прашањето за оствувањето на ред и закон на северот на Косово.

-Се додека не се постигне договор, фокусирани сме на тоа, па потоа ќе работиме на други планови – изјави Кучи.

Според него доколку не се договорат, тоа не само што ќе биде предизвик за Приштина и Белград, туку и за Европската унија и за Србите на северот.

-Најдобар пат да се реши прашањето помеѓу Белград и Приштина е преку дијалог. Срби на северот треба да се интегрираат на мирен и достоинствен начин-нагласи тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ми“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ