Куче распори стомак на четиригодишно дете во Белград- префрлено на операција на клиника

Од:

Куче кое ималосопственик нападнало дете во Железник и тоа е префрлено на Детската клиника во Тиршова, дознава Танјуг.

Од итната помош за РТС изјавиле дека родителите веднаш го однеле четиригодишното дете во клиниката во Тиршова, каде било оперирано. Д-р Александар Стијачиќ од Итната помош за РТС изјави дека во брутален напад кучето со забите на детето му го скинало абдоминалниот ѕид и дека „од телото му бил изваден дел од дуоденумот“.

Таткото веднаш го ставил детето во автомобил со мајката, повикале брза помош и педијатарот детално и објаснил на мајката што да прави – да извади се што има и да го турне во раната, за да го запре крварењето.

„Детската клиника во Тиршова беше алармирана да ја подготви хируршката сала. Немаше причина болничарите да ги пресретнат, тоа ќе беше губење време. Детето таму веднаш отиде на процедура во операционата сала“, рече Стијачиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел