Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

Од:

Во заедничка акција на Европол и полицијата и другите служби на Србија, Германија, Северна Македонија, Грција и Шпанија, уапсени се 62 шверцери на мигранти, кои шверцувале мигранти од Куба во Европската унија.

Како што информираат од Европол, акцијата била спроведена во јуни годинава, а во истрагата координирана од Европол и Интерпол, било утврдено дека 25 од 62 уапсени се кубански државјани и дека организирале патувања, премини и лажни документи за мигранти за уплати од 9.000 евра.

Мигрантите летале од Куба за Србија, бидејќи тогаш не била потребна виза за влез на кубански државјани во Србија.  Потоа преку Северна Македонија биле префрлени во Грција, од каде што летаа за Шпанија.

На територијата на Србија се уапсени В.Ш. (1956) и М. Ш. (1990), додека на територијата на Шпанија се уапсени 18 членови на оваа организирана криминална група. Се сомнева дека од октомври 2022 година до април годинава, прошверцувале најмалку 53 илегални мигранти, кубански државјани.

 

Би можело да ве интересира

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси