Круемади: Партиите во Македонија треба да го спроведат договорот

Од:

Претседателката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција, ЛСИ, Моника Круемади, инаку трета по големина партија во Албанија, им порача на партиите во Македонија „по референдумот да делуваат со умереност за реализација на договорот со Грција и интеграцијата на земјата“.

Ова таа го порачува откако го поздравува резултатот од референдумот што се одржа во неделата во Македонија.

– Сакам да ја поздравам искажаната волја на македонскиот народ за конечно спроведување на договорот со соседна Грција околу прашањето за името. Граѓаните на Македонија дадоа јасна порака за нивната евроатлантска перспектива. Македонската политика треба да делува со умереност за спроведување на договорот со Грција и етапите за интеграција на земјата во евоатлканското семејство, смета Круемади.

Претходно официјална Тирана го поздрави дадениот глас „за“ на македонските граѓани „за подршка на договорот за името со Грција на консултативниот референдум“.

Во соопштението Министертвото за Европа и надворешни работи наведе дека Албанија го поттикнува продолжувањето, без доцнење, на понатамошниот легислативен процес во Собранието на Република Македонија за да се иницираат потребните уставни измени.

Според Министерството, време е сите политички сили во Парламентот да одговорат на волјата на граѓаните и со широк консензус да ја искористат оваа историска можност за унапредување на евроатланскиот пат на земјата.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици