Кривокапиќ нема да присуствува на устоличувањето на митрополитот Јоаникије

Од:

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, изјави дека в недела, 5 септември, нема да замине во Цетиње на устоличувањето на избраниот митрополит црногорско-приморски Јоаникије, а полицијата ја проценува безбедносната состојба.

– Би побарал да заборавиме на храброста, а да користиме доверба, почит кон другите и правичност, изјави Кривокапиќ.

Тој смета дека неговото отсуство на Цетиње в недела е единствениот придонес што може да го даде.

– Ако некогаш сум изговорил некаков погрешно разбран збор или реченица, се извинувам и молам да не создадеме конфликт таму каде што не треба, рече црногорскиот премиер на прес-конференција во Подгорица.

Кривокапиќ смета дека одговорноста во врска со овој црковен настан не треба да се бара во Владата, а да се заборават другите актери, кои работат на зголемување на тензиите.

– Секојдневно ја анализираме безбедносната ситуација. Усвоен е заеднички став на Советот за безбедност и јас до крај ќе се придржувам до таа позиција, рече тој.

Црногорскиот премиер нагласи дека размислуваат и за забрана на собирот, но само во случај на екстремна мерка – доколку се процени дека тоа може да има непредвидливи последици за граѓаните.

Министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ изјави дека полицијата има безбедносна проценка на ситуацијата во Цетиње во врска со протестите најавени за 5 септември, кога е планирано устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква (СПЦ) Јоаникије во Цетињскиот манастир.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија