Kривична против Давор Драгичевиќ

Од:

Полицијата во Бања Лука покрена кривична пријава против Давор Драгичевиќ, татко на убиеното момче, Давид Драгичевиќ, како и против три други лица.

Кривичните пријави беа поднесени под сомневање дека извршиле кривични дела „загрозување на безбедноста” и „поттикнување на загрозување на сигурноста“.

Драгичевиќ е осомничен дека на 27 декември и 30 декември, за време на протестите во Бања Лука, на две локации во областа на Бања Лука јавно упатил сериозни закани за две лица кај кои, како што пренесуваат тамошните медиуми предизвикал страв и загрозеност.

Во соопштението полицијата не наведе за кого се однесуваат тие закани.

Во соопштението се додава дека лицата со иницијали Ж.Д., С.М. и С.С. се осомничени дека на јавните собири го поттикнале, Давор Драгичевиќ и други лица да извршат кривично дел загрозување на сигурноста на штета на двајца граѓани на Бања Лука.

Полицијата сè уште трага по Давор Драгичевиќ, татко на убиеното младо момче, Давид Драгичевиќ, кој последен пат беше виден на 30 декември околу 23 часа во близина на една џамија во градот.

Полицијата ги забрани сите собири на групата „Правда за Давид”.

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Горан Наумовски

Република Српска ги прекинува евроинтеграциите