Кристалина Георгиева нема да прима плата од ЕК за време на кампањата за ОН

Од:

Заменикот-претседател на Европската комисија, Кристалина Георгиева ќе замине на неплатено отсуство за време на нејзината кампања за избор за генерален секретар на ОН, соопштија од Комисијата, јави БТА.

– Денеска претседателот на комисијата Жан-Клод Јункер донесе одлука Георгиева да користи неплатено отсуство.  Должноста на Георгиева ќе ја врши еврокомисарот Гинтер Етингер, изјави претставникот на ЕК.

– Премиерот Бојко Борисов и заменик претседателот Георгиева го известија Јункер заодлуката на бугарската влада да ја номинира Георгиева за највисоката функција во ОН. Јункер ја одобри нејзината молба за неплатено отсуство за октомври, додаде изворот.

Претходно денеска, бугарската Влада соопшти дека донела одлука да го смени својот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации Ирина Бокова со Кристалина Георгиева.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство