Кримскиот пример би можел да биде применет и во албанскиот град Химара

Од:

 Националната разузнавачка служба на Албанија ја споменува можноста кримскиот пример да биде применет и во градот Химара.

– Доколку според новата територијална поделба на Албанија градот Химара се одвои од Валона како посебен административен регион, тогаш постои веројатност жителите на тој регион под влијание на екстремистички групи од грчките политички кругови да побараат независност, според кримскиот пример во Украина, изјави шефот на албанската разузнавачка служба пред Комисијата за национална безбедност.

Извори од Комисијата изјавија дека пратеничката од Демократската партија, Месила Донда го прашала шефот на албанското разузнавање дали има сознанија дека со новата административна реформа Химара може да стане посебен административен регион и со тоа да се појави можноста неговите жители да го следат примерот на Крим.

– Досегашните сознанија на службата покажуват дека има тенденции да биде применет случајот од Крим, одговорил шефот на албанското разузавање.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек