Крајбрежјето кај Драч загадено од големо количество нафта и моторно масло

Од:

Еден голем дел од брегот кај најголемото албанско пристаниште,Драч е загаден од  големо количество нафта и употребено моторно масло, јави тиранската телевизија Топ-чанел.

Горивото било истурено во морските води, а брановите пополека го донеле до брегот, проширувајќи ја нафтената дамка на се поголем простор.

Загаден е простор крај морскиот брег, кај плажата Илирија, каде се шири силен мирис на гориво, а штетата во морските води ќе биде голема.

Министерот за животна средина, Лефтер Кока, веднаш пристигнал во Драч, ветувајќи дека причинителите на загадувањето ќе бидат изведени пред правдата. Тој информирал дека се земени  мостри кои се дадени на анализи,по што ќе се знае од што е точно загадувањо.
Министерот за земјоделство Едмонд Панарити издаде наредба за забрана за риблов, се додека не се добијат анализите од земените мостри. Тој апелираше до прехрамбените фирми да не набавуваат риба и школки од загадената зона.

Во меѓувреме надлежните органи почнале истрага во врска со овој инцидент. Ќе бидат верификувани сите бродови и други пловни објекти кои минале во овој дел во последните дваесет и четири часа, пред настанување на загадувањето. По  забележаниот инцидент патроли на поморската погранична полиција постојано патролираат во албанските териоријални води.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство