Косовската полиција нема да му дозволи на Вучиќ да го посети езерото Газивода

Од:

Полицијата на Косово денеска најави дека ќе постапува според планот на Владата во Приштина за посетата на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Косово, односно нема да му дозволи да го посети поделеното езеро Газивода.

Вучиќ за време на посетата на Косово, најавена за утре, побара да ја посети и Газивода, но ова негово барање беше одбиено од косовското Министерство за надворешни работи како „неосновано“, со оглед дека, како што изјави министерот Беџет Пацоли, таму нема ниту урбана населба, ниту население.

Директорот на косовската полиција Рашит Ќаљај изјави дека во случај Вучиќ утре да допатува во Косово, полицијата само ќе ги спроведе упатствата од Владата.

– Полицијата на Косово ќе биде таму. Полицијата на Косово нема да дозволи да се прекрши ставот на Владата, изјави Ќаљај за порталот калѕо.цом (kallxo.com). Тој додаде дека „ќе се преземат сите предвидени мерки“ за посетата на српскиот претседател.

– Планот на полицијата е изготвен во согласност со агендата на Владата, која одби само една точка од барањето на Вучиќ. Ова за Полицијата на Косово нема да биде предизвик, бидејќи таа веќе го има подготвено планот за посетата на Вучиќ, изјави Ќаљај.

Вучиќ денеска во Брисел одби да се сретне со неговиот косовски колега Хашим Тачи, а една од причините што ја наведе шефот на српската Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ беше и одбивањето на дозволата за посета на Газивода.

Ѓуриќ на новинарите во Брисел им изјави дека посетата на Вучиќ на Косово веројатно нема да се реализира, а доколку сепак реши да отпатува, тогаш „низ Косово ќе се движи секаде каде што ќе посака“. Тој најави дека конечната одлука во врска со посетата ќе биде соопштена вечерва, за кога Вучиќ најави обраќање до нацијата.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања