Косовска полиција: Убиени тројца напаѓачи, еден уапсен и уште четири лица поврзани со „криминалната група“

Од:

Досега тројца напаѓачи се убиени во размената на оган во селото Бањска, каде тензиите не стивнуваат од доцна синоќа, додека еден е уапсен, потврди косовската полиција. Истовремено, уапсени се уште четири лица кои се поврзани со „криминалната група“.

„Во атарот на селото Бањска безбедносната состојба и понатаму е тензична, а нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет, во зависност од движењето на криминалните групи“, соопшти косовската полиција со трето сооопшштение по избувнувањето на новите тензии.

Наредуваат полициските дејствија да се спроведуваат според плановите и настаните на терен, а службениците да реагираат во самоодбрана.

Откако претходно објавија дека еден од напаѓачите е убиен, сега доаѓа потврда за нови убиства и апсења.

„Според официјалните информации од теренот, при размена на оган, потврдено е убиството на уште двајца напаѓачи, кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсење на униформиран и вооружен напаѓач“, потврди косовска полиција.

Тие наведуваат и дека еден службеник на КП се здобил со полесни повреди.

Полицијата наведува и дека во една од станбените згради кои наводно ги користеле овие лица, пронајдена е логистичка опрема, воена опрема, униформи и муниција од различен калибар.

Освен во Бањска, полициски службеници уапсиле уште лица во атарот на селото Рударе.

Како што наведуваат, при рутинска контрола на возилото привеле четворица осомничени кај кои била пронајдена радиоврска.

Без да наведат дополнителни детали, тие ги поврзуваат со „криминални групи“, наведувајќи дека сите понатамошни дејствија против нив ќе бидат преземени во соработка и координација со правосудните органи.

Истовремено, од полицијата велат дека продолжуваат да ги повикуваат „криминалните групи“ да се предадат на правосудните органи, а ги повикуваат граѓаните на соработка со органите на прогонот, во интерес на смирување на ситуацијата и општата безбедност.

Увидот на местото на настанот продолжува во соработка и координација со повеќе институции, меѓу кои и Полицискиот инспекторат на Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија

Горан Наумовски

Пукање во Велика Кладуша: Полицијата со часови трага по маж вооружен со автоматска пушка

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е насилникот кој пред четири дена со пиштол рани познаник во Скопје

Инцидент во Чаир, маж пукал кон познаник, но не го ранил

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски