Косово: Се затруле додека ги броеле српските гласови, Српска листа обвинува за сценарио

Од:

Процесот на пребројување на гласовите од раселените Срби на Косово беше прекинат поради како што се наведува „сомнителен мирис од ковертите со гласови кои стигнале од Србија“.

Од комисијата која ги пребројувале гласовите се пожалиле дека одеднаш од коверите излегол мирис по што предизвикал алергиски реакции кај сите кои имале контакт со писмата, но само кај Албанците претставници на комисијата.

Претставниците на Србите во Централната изборна комисија (ЦИК) тврдат дека тие не почувствувале ниту мирис , ниту пак имале алергиска реакција, по што биле отстранети од зградата. По тоа, обвинија дека изборната комисија сака да направи фалсификат и да избере барем еден претставник на Србите кој е под контрола на Приштина.

Приказната отиде до таму што за сомнителните коверти е обвинета Србија, а во меѓувреме пребројувањето на српските гласови е стопирано и не се знае што ќе се случува натаму.

Во косовските медиуми се појави обвинувања дека 26 лица се затруени поради што Централната изборна комисија го стопира пребројувањето на гласовите од раселените Срби, а полицијата ги однесе службениците на медицински проверки.

Меѓутоа, претставниците на Србите кои учествуваа во пребројувањето тврдат дека кај нив нема никакви симптоми.

-Бев во просторијата, држев ковери во рацете и не почувствува ниту мирис, ниту чешање, ниту добив алергија и немам никаква реакција, рече членот на ЦИК, претставник на Српската листа, Стеван Веселиновиќ за порталот Косово Онлајн и додава дека бил избркан од просторијата.

Според него, веднаш дошла полицијата, го исфрлила него, иако е член на ЦИК и набљудувач на Српска листа, и тоа не само од просторијата туку и од зградата.

Тој кажа дека веднаш потоа пристигнале неколку медицински возила. Смета дека е ова сценарио со цел да се комрпомитираат гласовите од Србија, и да се наметне претставник на Србите лојален на Приштина, со оглед дека сите десет места во парламентот ги освои Српска листа.

Инаку, полицијата ги транспортираше членовите на ЦИК на инфективната клиника во Приштина, каде е забранет влезот за останатите лица.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина