Новоотворената Амбасада на Косово во Израел, во координација со Министерството за надворешни работи, за попладнево организира виртуелна средба на косовскиот министер за здравство Арменд Земај со неговиот израелски колега Иули Еделстеин.
Според соопштението на косовското МНР, средбата е организирана со цел да се разговара за помошта од страна на Израел за набавка на вакцини против Ковид-19 за народот на Косово.
– Израел изрази подготвеност да ги исцрпи сите можности за да му помогне на Косово во обезбедувањето на потребните дози на вакцини, се вели во соопштението.
Средбата преку видео-врска на двајцата министри за здравство е закажана за денеска во 16 часот.
Иако претходно имаше информации дека е постигнат договор со компанијата Фајзер и дека е потврдена доставата преку програмата Ковакс, Косово се уште нема набавено вакцини.