Косово: Нови 13 починати, 245 заболени од Ковид-19

Од:

Во Косово и во изминатите 24 часа продолжи неколкудневниот тренд на двоцифрени бројки на лица починати од Ковид-19.

Според официјалниот извештај на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШКПК), во текот на вчерашниот ден починале 13 лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19, со што вкупната бројка на жртви на пандемијата се искачи на 249.

Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести.

Во соопштението на ИШКПК се наведува и дека, од вчера извршените 468 тестирања (вкупно 37.411 од појавата на заразата), позитивни на новиот коронавирус резултирале 245 лица.

Вкупно, од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 8.799 заразени. Како излекувани се водат 4.863 лица, од кои вчера 133. Официјалната бројка на активни носители на новиот вирус во Косово изнесува 3.687.

Би можело да ве интересира

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор