Косово ќе биде првата земја што ќе ја посети Рама по изборот за албански премиер

Од:

Новиот албански премиер Еди Рама реши Косово да биде првата земја што ќе ја посети во својство на претседател на Владата на Албанија.

Како што јави дописникот на МИА, Рама утре, заедно со висока владина делегација, ќе отпатува во Косово. Предвидено е тој да има средби со косовскиот државен врв, а ќе одржи и поздравно обраќање во Парламентот на Косово.

Покрај средбите на највисоко ниво, најавена е средба и на албанската министерка за иновации и јавна администрација Милена Харито со косовскиот министер за јавна администрација, Махир Јаглицар.

Посетата на Косово, Рама ја најави уште минатата недела на средбата во Тирана со неговиот косовски колега Хашим Тачи. Тогаш, беше најавено и дека двете влади ќе одржат заедничка седница во Призрен, посветена на, како што рече Рама. унапредувањето на соработката за реализација на заедничката цел – обединување под небото на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина