Косово ја засили контролата на границата со Македонија

Од:

По настаните во Куманово и инфорациите дека во терористичката група имало и косовски државјани, Косово ја засили контролата на границата со Македонија, јави косовската телевиизија.

Од синоќа на полноќ големи полициски сили, главно припадници на специјалната единица РОСУ, се распоредени на границата. Специјалците биле распоредени во две групи, дел од нив се стационирани кај преминот Хан Елези- Блаце, додека другите на граничниот премин кој ги поврзува Косово со Србија и Македонија, во близина на Гљилане.

-Полиција ќе го мониторира минувањето на границата по инфoрмациите дека граѓани од Косово учествувaле во вооружениот судир со македонските бебедносни сили во Куманово, пренесува истиот извор.

На донесувањето на одлуката за распоредување на специјалците на косовско-македонската граница претходеше средба на претседателката Атифете Јахјага со премиерот Иса Мустафа и министерот за внатрешни работи, Скендер Хисени, на која станало збор за „актуелната безбедносна состојба во Косово и последните случувања во Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина