Косово и Црна Гора потпишаа меморандум за соработка во одбраната

Од:

Министрите за одбрана на Косово и Црна Гора, Арменд Мехај и Раско Коњевиќ потпишаа денеска меморандум за соработка на двете држави во областа на безбедноста, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на медиумите по потпишувањето на меморандумот, косовскиот министер рече дека соработката на полето на одбраната е „неопходна од аспект на безбедноста и стабилноста на двете земји“.

– Уште еднаш ја потврдивме цврстата соработка што ја имаме меѓу нашите две држави… Нашата соработка ќе опфаќа размена на професионалните и академските искуства и ангажирање во меѓусебната поддршка со оперативни капацитети во вонредни ситуации. Продлабочувањето на соработката ќе ја олесни ефикасноста и заканите што постојат кон двете држави и регионот и ризиците по регионалниот и глобалниот безбедносен амбиент, изјави Мехај.

Црногорскиот министер, Коњевиќ изјави дека неговата држава ќе го поддржи Косово во нејзините напори да стане дел од регионалните иницијативи на полето на одбраната.

– Јас ја повторив решеноста на Црна Гора секаде каде што ќе може да ја поддржи Република Косово во нејзините аспирации за да стане дел од регионалните иницијативи или да го унапреди својот статус, така што веруваме дека преку ваквиот вид регионална соработка ќе се воспостави дополнителна соработка, преку која од Црна Гора, Косово и другите земји од регионот ќе се испрати порака за една заедничка визија, а таа е дека овој регион треба да биде дел од Европската унија, изјави Коњовиќ.

Делегација на Министерството за одбрана на Црна Гора, предводена од министерот Коњовиќ допатува претпладнево во официјална посета на Приштина, каде што беше пречекана со воени почести.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски