Косово ги отвора границите кон Македонија, Албанија и Србија

Од:

Владата на Косово на денешната попладневна седница одлучи „да ги отвори државните граници на Република Косово“ со Северна Македонија, Албанија и Србија.

Според дел од приштинските медиуми, ваквата одлука на Владата значи дека граѓаните на трите соседни држави нема да имаат потреба да приложуваат тест со кој ќе докажат дека не се заболени од Ковид-19.

Меѓутоа, во официјалното соопштение од седницата на Кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, одржана со видео-конференциска врска, на ниедно место не се споменуваат тестовите или други процедури кои граѓаните од тие држави треба да ги спроведат за влез во државата.

– Донесена е и одлука за отворање на државните граници на Република Косово со Република Албанија, Република Северна Македонија и Република Србија, се вели во соопштението по седницата на косовската Влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија