Косово: До 15 часот на парламентарните избори гласале над 29 отсто од гласачите

Од:

Централаната изборна комисија (ЦИК) на Косово, на својата втора прес конференција денеска, објави дека, според информациите од повеќе од 99 отсто од гласачките места, на вонредните парламентарни избори своето право на глас до 15 часот го искористиле 561.874 лица, односно 29,23 отсто од регистираните гласачи.

Претседателката на КИЦ Ваљдете Дака на прес-конференција изјави дека во истото време на претходните избори, во 2017, имало речиси 65 илјади гласови помалку, односно гласале 497.120 лица, или 27,75 отсто од гласачите.

Дака ја потврди оценката изнесена на претходната прес-конференција, одржана во 13 часот, дека изборниот процес до сега тече без поголеми проблеми.

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание