Коњуфца: Српските воени злосторници ќе се казнуваат и во отсуство

Од:

Вршителот на должноста претседател на Косово, спикерот на републичкото Собрание, Глаук Коњуфца денеска најави дека истрагите за српските злосторства во војната од 1998-99 година ќе продолжат, а на воените злосторници ќе им се суди и ќе им се изрекуваат казни и во отсуство.

На денешното чествување по повод 22-годишнината од масакрот во месноста Бурим (Извор) во областа Малишево, Коњуфца потсети на 14 илјади косовски граѓани „масакрирани и убиени од геноцидната српска власт“ и 2.500 загинати борци во војната, без кои, како што рече, „Косово нема да беше таму каде што е сега“.

– Како народ не ќе можеме никогаш да се смириме, а посебно не семејствата кои ги изгубија своите најблиски, доколку правдата не се спроведе и злосторниците не ја добијат заслужената казна. Многумина од оние кои ги масакрираа нашите блиски шетаат слободно низ Белград и други места низ Србија, така што наша задача е да ги истражиме, да ги пронајдеме и, зошто да не, да ги казниме и во отсуство. Нашата држава ги има сите потебни механизми за да ги казни злосторниците од војската и паравојските на Србија кои ги извршија тие масакри во Косово, рече Коњуфца.

На денешен ден 1999 година во Бурим, според официјална Приштина, српските сили убиле 42 цивили од две малишевски села и тројца од градот Сува Река.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски