Конференција за Западен Балкан во Берлин

Од:

Во Берлин утре ќе се одржи конференција за Западен Балкан и Југоисточна Европа, на која ќе учествуваат шефовите на дипломатиите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.

Собирот во организација на германскиот инстиотут „Аспен“, се одржува на покана на шефовите на дипломатиите на Германија и Велика Британија, Франк-Валтер Штајнмајер и Филип Хамонд.

Како што јави Танјуг, во рамки на конференцијата ќе се одржат две дискусии, како и панел за политички прашања кои се оденсуваат на регионот.

Шефовите на дипломатиите од земјите од Западен Балкан, заедно со нивните колеги од Германија и Велика Британија и со претставници на американската Администрација, ќе имаат можност да дискутираат за повеќе прашања, меѓу кои и за економски теми. Конференцијата ќе им овозможи на учесниците на собирот да водат разговори и со пратеници во Бундестагот и со високи претставници на ЕУ, НАТО и владите на Германија и САД, се додава во соопштението на германското Министерство.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија