Кон: Вакцината во Србија пристигнува кон крајот на годината, многу блиску сме до разрешница

Од:

Српскиот епидемиолог, Предраг Кон објасни кога и кој ќе биде првиот што ќе ја прими вакцината против коронавирусот во Србија.

„Националниот институт за имунизација е ново тело кое ќе биде задолжено и кое ќе распише итна вакцинација. И тоа ќе се случи многу брзо“, рече Кон.

Тој додаде дека не ги знае деталите околу вакцината, но дека во земјата ќе пристигне кон крајот на годината, што е многу охрабрувачки податок.

„Потоа ќе пристигнува во етапи. Ние имаме најголем степен на безбедност кога станува збор за новиот лек или вакцина и тоа мора да се испочитува. Најпрво ќе се почне со имунизација на докторите, што е и најлогично. По здравството следува војската и полицијата и тоа е единствено што знам, што е логично и приоритет. Но тоа е само план, а Министерството за здравство треба да распише имунизација“, објасни српскиот епидемиолог.

Кон вели дека знае што кажал претходно претседателот Александар Вучиќ, а тоа е дека Србија има можност да ја добие вакцината во првите распределби.

„И ова ни покажува дека сме многу блиску до разрешница, затоа што добиваме уште едно оружје, покрај маската и миењето раце, кое ќе треба да почнеме да го користиме“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он