Компанија од Хонг Копнг стана 100-отстотен сопственик на аеродромот во Тирана

Од:

Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана е купен од инвестициската фирма  CEL, на инвестициската групација „Чајна Еворбрајт”, од Хонг Конг, јавија американските медиуми.
Фирмата се стекна со 100 проценти од акциите на меѓународниот аеродром во Тирана, но не се даваат повеќе детали за договорот. 

Меѓународниот аеродром во Тирана од 2005 година го управуваше приватниот конзорциум – TIA, што доби 20-годишна концесија, која годинава беше зголемена за уште две години, до 2027 година.

Во овој период на управување TIA го зголеми бројот на патници од 600. 000 во 2005 година на 1,9 милиона во 2015 година, оперирајќи со 13 авиолинии на 26 дестинации.

CEL, формирана во 1997 година, е меѓународна инвестициска фирма на групата „Чајна Еворбрајт”.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски