Коѕиас: САД се подготвени да дадат контра понуда на „Газпром“ за изградба на гасовод во Грција

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери му рекол оти САД би биле подготвени да направат контра понуда на онаа на руски „Газпром“ за инвестирање во гасовод во Грција.

Коѕиас, кој моментално е во посета на САД, ова го изјавил во интервју за Асошиејтед Прес, а го пренесе грчката државна агенција АНА МПА.

Грчкиот дипломат информирал дека Кери му рекол оти „САД ќе бидат подготвени да направат контра понуда“ и оти специјалниот претставник на Стејт департментот за меѓународни енергетски прашања, Амос Хоштејн ќе ја посети Атина во следните неколку дена со цел да разговара на оваа тема.

– „Газпром“ ни даде многу добра понуда, истакнал Коѕиас кој додал дека разговорите со рускиот енергетски гигант биле економски, а не политички.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он