Коцијанчиќ: Датумот на локалните избори во надлежност на албанските институции

Од:

Пo прашањето за одложување на датумот на локалните избори во Албанија треба да одлучат албанските институции согласно постојната легислатива и практика, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ за тиранската телевизија „AБЦ Њуз“ што е и прва реакција од официјален Брисел по последните случувања во оваа земја.

Таа додаде дека одлуката за откажување од мандатите и бојкот на изборите од страна на опозицијата го спречуваат функционирањето на демократијата во земјата.

-Ние ги следиме случувањата. Ова е прашање кое треба да го решат албанските институции согласно постојното законодавство и судска практика, со целосно почитување на уставните и демократските начела. Сметаме дека одлуката за откажување од пратенчките мандати и бојкот на локалните избори сериозно го попречува функционирањето на демократијата во Албанија, изјави Коцијанчиќ.

Според неа, опозициските партии тоа го направиле намерно и дека по пополнувањето на испразнетите пратенички места Парламентот функционира целосно.

-Ова беше намерен избор на опозициските партии. Претставниците на опозицијата беа заменети во Парламентот, кој функционира целосно. Сега е од суштинско значење да се зачува уставното право на албанските граѓани да гласаат на локалните избори и да обезбедат континуитет на локалната власт, оцени Коцијанчиќ.

Таа повторно упати апел до сите партии итно да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на актуелната политичка ситуација.

Поради влошената политичка ситуација во земјата, албанскиот премиер Еди Рама престојува во Брисел каде во 17 часот е предвидена средба со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Потоа следува средба со претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск како и со претседателот на Европската комисја, Жан Клод Јункер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана