Коцијанчич: Ештон ги чека Белград и Приштина

Од:

Брисел се уште чека Белград и Приштина да покажат подготвеност за договор, а нови рунди од дијалогот не се во план, изјави денеска на прес-конференција Маја Коцијанчич, портпарол на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

– Консултациите се во тек и ние чекаме одговор од Белград и Приштина, истакна Коцијанчич, нагласувајќи дека тоа треба да се случи „во рок од неколку дена“.

Таа не прецизира во која форма би требало да бидат овие одговори, но нагласи дека двете страни знаат што се очекува од нив.

– Елементите за договор се на маса и за нив повеќепати се разговараше, додаде портпаролката на Ештон.

Таа одби да ги коментира медиумските наводи дека Ештон за време на викендот ќе им упати на страните во дијалогот предлог-договор во писмена форма, како и изјавите на косовските лидери дека осмата рунда од преговорите завршила без договор исклучиво по вина на Белград.

Ештон пред 16 април би требало да ги формулира заклучоците за текот на дијалогот, кои ќе бидат внесени во извештајот за напредокот на Србија, кој еврокомесарот за проширување Штефан Филе тој ден ќе им го поднесе на европратениците на пленарна седница во Стразбур.

Шефицата на европската дипломатија на 22 април во Луксембург на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им поднесе посебен извештај на истата тема, а тие потоа ќе одлучат дали Србија ги исполнува условите за добивање датум за преговори за членство во Унијата.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он