Ќерката на Караџиќ избрана за пратеник во Собранието на Република Српска

Од:

Ќерката на Радован Караџиќ, Соња Караџиќ Јовичевиќ, на општите избори во БиХ е избрана за пратеник во Собранието на Република Српска.

По завршеното пребројување на дел од гласачките ливчиња и доделувањето на таканаречените компензациски мандати за поголемите партии, пратенички мандат доби и Соња Караџиќ Јовичевиќ (47) која се наоѓаше на листата на опозициската Српска демократска партија (СДС).

Токму нејзиниот татко, Радован Караџиќ, кому пред Хашкиот трибунал му се суди за воени злосторства, во текот на војната во БиХ, на почетокот на 90-тите години на минатиот век, беше лидер на СДС.

За Соња Караџиќ – Јовичевиќ гласале малку помалку од 3.300 гласачи, а мандатот го добила и со  собирање на гласовите кои ги добиваат помалите партии кои не го минуваат изборниот праг од три отсто.

Ќерката на Караџиќ за време на војната, на Пале, водела сопствена радио- станица, потсетува хрватската агенција Хина.

Интересен е фактот дека нејзината мајка Лилјана Зелен-Караџиќ, во предизборната кампања поддршката му ја даде на досегашниот и иден претседател на РС, Милорад Додик, на која СДС и е директен противник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина