„Ќерка ми не се самоуби, туку е убиена“, тврди таткото на Аргентинката Марија Клара Урдангарај која почина во Косово

Од:

Нови детали беа откриени во текот на истрагата за смртта на Аргентинката, Марија Клара Урдангарај (27), која загина паѓајќи од шести кат во хотел во Косово. Нејзиниот татко Факундо Урдангарај тврди дека неговата ќерка по расправија била турната од нејзиното момче од Косово.

Како што пренесува аргентинскиот медиум Перфиле, таткото на Аргентинката потврдил дека, според вештачењето, телото на неговата ќерка има повреди кои не одговараат на пад од височина, пренесува Газета Експрес.

– Откриле дека на телото на мојата ќерка има траги од претходно насилство – изјави Факундо Урдангарај.

Тој тврди дека експертите по судска медицина на приштинското правосудство констатирале повреди кои не одговараат на пад од височина.

– Имаше модринки на рацете. Мојата ќерка е убиена – додаде тој.

Потоа го спомена партнерот на Марија Клара, 31-годишен маж роден во Косово, но со швајцарско државјанство, по име Ендрит Ника. Властите го именуваа како главен осомничен, а според признанието на Фернандо, властите ја промениле дефиницијата на случајот поради новите докази.

-Во принцип прво се претпоставуваше дека е самоубиство, а сега очигледно ќе биде убиство, не знам како би го нарекле таму. Ми дава малку мир да знам дека оваа личност нема да ја види светлината на денот – рече тој.

Во раните утрински часови на 1 август во Косово Поле, Ендрит Никај, наводно, ја турнал од шести кат својата девојка, аргентинската државјанка Марија Клара Урдангарај. Таа била однесена во болница, но им подлегнала на повредите.

Со решение на обвинителството телото е испратено на обдукција, а осомничениот е приведен и одредена му е мерка притвор.

– Ќерка ми зборуваше со својата мајка и го опиша своето момче како женкар и многу љубоморен. Тоа е фемицид, убеден сум – изјави Факундо Урдангарај, таткото на Марија Клара.

Швајцарскиот весник Блик објави дека 32-годишникот илегално ја донел својата девојка на Косово, криејќи ја во багажникот на автомобил.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ