Кирби: Договорот е само еден чекор, но очекуваме напредок

Од:

Американскиот амбасадор во Белград, Мајкл Кирби денеска го поздрави парафирањето на бриселскиот договор, но напомена дека тоа е само еден чекор по кој треба да следи понатамошен напредок.

-Ние ги подржуваме идните чекори на владата за постигнување договор, со кој долготрајно ќе бидат средни односите со Косово – изјави Кирби.

Амбасадорот додаде дека договорот, кој го парафинираа Белград и Приштина минатиот петок во Брисел е важен и поради тоа што е чекор кон европскиот пат.

Во тој контекст тој нагласи дека има уште работи кои што треба да се направат, како што е подобрување на законот и негово спроведување.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија