Кипарски европратеник побара објаснување за изјавата на Рама за „обединување на Акбанија и Косово“

Од:

На состанокот на високо ниво на Европскиот парламент, на кој учествува албанска делегација, кипарскиот европратеник Такис Хаџигеоргиу побара објаснување за изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на заедничката седница на владите на Албанија и на Косово,одржана во Пеќ, за „обединувањето на двете држави во 2025 година“ и како и за тврдењето за „дволична позиција на Србија“.

Одговарајќи на прашањето, албанскиот пратеник Таулант Бала изјави дека обединувањето за кое се говори е во контекст на 2025 година, која е посочена како рок за зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, додавајќи дека Албанците се фактор на мирот во регионот.

– Не плашете се од соработката меѓу Албанците. Ние сме важен фактор за стабилноста и мирот на Балканот. Горди сме што сме најпроевропска нација во регионот, нагласи Бала.

Што се однесува до етикетирањето на Србија како „дволична држава“, Бала ја наведе кампањата која Белград ја води против членство на Косово во меѓународни организации.

– Тоа е дволичен став, бидејќи од една страна Србија разговара, а од друга страна лобира против членството на Косово во меѓународните организации, како што беше случајот со Интерпол, посочи Бала.

Бала, исто така, му порача на кипарскиот европратеник дека неговата сонародничка, европратеничката Елени Теохару немало причина да присуствува на погребна церемонија на лице кое пукало во полиција, бидејќи „каде било во Европа, да пукаш врз полиција е терористички чин“.

Во присуство на Дејвид Мекалистер, претседател на Комисијата за надворешни работи во Европскиот Парламент и комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, Бала ја искажа подготвеноста на владејачкото мнозинство во Албанија заедно со опозицијата да ги усвојат изборните реформи.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Силен земјотрес го погоди Кипар