Кипар ќе ја набави руската вакцина, штом биде одобрена од ЕМА

Од:

Република Кипар ќе набави 50.000 дози од руската вакцина „Спутник V“, штом добие зелено светло од Европската организација за лекови (ЕМА), рече портпаролот на кипарската Влада Кирјакос Кусиос говорејќи за медиумите на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за државното радио Кусиос објаснува дека ќе биде билатерален договор за кој пред 15 дена била донесена одлука, а надлежно за купувањето на вакцината, откако ќе биде одобрена, ќе биде Министерството за здравство на Кипар.

Процесот на имунизација на Кипар се одвива со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, а вакцинацијата со „АстраЗенека“ од вчера е привремено прекината до четврток, во исчекување на мислењето на Европската агенција за лекови.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ