Ким по посетата на Донфрид: Има многу работа што треба да се сработи, ќе имаме успех ако работиме заедно

Од:

По престојот во Тирана на помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, која по средбите немаше пресконференција, реагираше американската амбасадорка Јури Ким.

Во објава на социјалните мрежи Ким напиша дека има многу да се направи во Албанија, додавајќи дека ” ќе имаме успех ако работиме заедно”.
-Прекрaсно е да се има во посета претставникот на Стејт департментот, Донфрид, за да се сретне со лидерите на Албанија, да ги зајакне демократијата, одбраната и деловните врски, европската интеграција, енергетската сигурност, соработката во Советот за безбедност на ОН против окупацијата на Украина. Имаме многу работа, но, ќе успееме ако тоа го направиме заедно, напиша Ким.

Донфрид се сретна со премиерот Еди Рама, со кого разговарале за повеќе прашања од областа на безбедноста, евроинтегративниот процес во контекс на ветото на Бугарија кон Северна Македонија, иницијативата ” Отворен Балкан” за која била повторена американската поддршка, како и политичките случувања во земјата.

Таа се сретна и со вршителот на должноста претседател на опозициската Демократска партија, Енкелед Алибеај, со што уште еднаш ја потврди одлуката на САД дека доколку Сали Бериша биде избран за лидер на партијата нема соработка со неа.

Бериша утре ќе одржи изборно собрание, а поради тоа што веќе го има заземено седиштето на партијата, средбата Донфрид- Алибеај беше во просториите на Претседателството на албанскиот парламент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски