Киднапиран египетски авион слета на Кипар

Од:

Авион на египетската компанија „Иџиптер“ со 61 патник и членови на екипажот принудно слета на аеродромот во кипарскиот пристанишен град Ларнака околу 8:30 часот изутрината по локално време, јавуваат кипарските медиуми.

Авионот Ербас А320 сообраќал на релација Александрија- Каиро и кусо по 8:20 часот по локално време навлегол во воздушниот простор на Никозија, при што пилотите побарале да слета на аеродромот во Ларнака, поради тоа што во него имало киднапери.

Според кипарските медиуми киднаперите побарале од пилотите да го приземјат авионот во Ларнака.

Ербасот изутрината кусо по осум часот полетал од Александрија и потоа ја сменил насоката и се наочил кон Кипар.

Во моментов авионот се наоѓа во зоната за безбедност на аеродромот во Ларнака.

Според кипарски претставник постои сомневање дека во авионот има бомба.

Андула Васили, поранешниот еврокомесар за образование на Твитер напиша дека авионот слетал утрово. „Киднапираниот авионот на Еџипт Еар со 82 патници слета на аеродромот на Ларница, напиша таа и додаде: Сите сме нестрпливи да дознаеме нешто повеќе.

Бројот на патници подоцна беше ревидиран на 55, според информацијата на кипарското државно радио. Египетските воздухопловни власти потврдија дека во авионот има 55 патници и шест членови на екипажот.

Васили уште додаде дека наводно киднаперите се подготвени да ослободат некои од патниците.

Полициските сили почнаа операција, но до моментов киднаперите не упатила никакви барања. Неименуван кипарски функционер рече дека најверојатно има повеќе од еден киднапер. Тој дополни дека засега нема барања од киднаперите , освен полициските возила да се тргнат од авионот.

Кипарските власти се во состојба на зголемена готовност и веќе е свиката итна владина седница.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро