Кетрин Ештон: Следната недела ќе биде најважна за дијалогот Белград-Приштина

Од:

 Следната недела ќе се одигра најважниот дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, кога ќе се одржи средба на премиерите на двете земји, изјави синоќа во Вашингтон високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери.

Ештон се заблагодари на поддршката од Вашингтон и нагласи дека САД се многу важен партнер во напорите за пронаоѓање решение за косовскиот спор.

Кери од своја страна и честиташе на Ештон за посредувањето во дијалогот, во кој, според него, и натаму постојат предизвици.

– Таа вредно работи на поврзување на двете страни со цел да се дојде до трајно решение, додаде Кери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац