Катругалос: Членството на соседната земја во НАТО беше националната позиција по Букурешт

Од:

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос за време на расправата за ратификација на Протоколот за членство во НАТО на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи рече дека „членството на соседната земја во НАТО беше националната позиција по Букурешт, прво решение, а потоа членство, а сега имаме изгласан договор од Парламентот“, јави дописничката на МИА од Атина.

Катругалос одговори на аргументите од опозициските партии и како пример ги спомена членствата на Албанија и Бугарија во НАТО.

„Албанија влезе во НАТО на 1 април 2009, а преговорите тогаш ги презеде Нова демократија. Бугарија, директниот сосед заедно со шест други земји при големото проширување во 2004 големиот дел од преговорите тогаш ги презеде ПАСОК. Што побаравте вие тогаш?“, ги праша Катругалос опозициските партии.

Тој додаде дека основната разлика со претходните влади е тоа што актуелната грчка Влада „не се плаши и сака да ги промени работите кон подобро“.

„Ние преговаравме токму поради што сметаме дека по ратификувањето на Договорот од Преспа, она што го нарекуваме водечка улога во поширокиот регион, ќе биде засновано токму на градењето пријателски односи,“ истакна Катругалос.

Говорејќи за обврските од македонска страна, алтернативниот шеф на грчката дипломатија рече дека „соседната земја, свесна дека договорот е чесен компромис, презеде многу потешки обврски на психолошко и симболично ниво, отколку обврските на Грција“. Тој додаде дека откако ќе стапи на сила Договорот од Преспа, соседите ќе бидат обврзани да ги почитуваат и духот и содржината.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Муцунски: Силата на солидарноста е главната карактеристика на НАТО сојузот, а во случајот со трагедијата во Кочани беше демонстрирана од се срце

Пет години членство на Македонија во НАТО

Наришкин: Варварското бомбардирање на НАТО на Југославија е злосторство што не се заборавa

Горан Наумовски