Карл Билт предизвика гнев кај муслиманите со коментар на фотографија за Сараево

Од:

Поранешниот шведски премиер и некогашен висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, Карл Билт, го „навлече“ бесот со твит на кој, како што проценија бројни корисници на социјалните мрежи, им се потсмевал не само на жителите на Сараево, туку и на муслиманите воопшто.

Билт на Твитер објави фотографија од Сараево, на која има жени со бурки, со придружен коментар: „Постои напредок во нашиот свет. Тоа било Сараево пред еден век “.

Тоа разбесни многу негови следбеници, кои, меѓу другото, го нарекоа „Карл Брејвик“, го критикуваа, а некои дури порачаа и дека се изненадени од неговите ставови.

Некои го потсетија како изгледа „напредокот“ под закрила на Западот, па објавуваа разни фотографии направени во текот на војните во 90-те години на минатиот век.

Би можело да ве интересира

Сараево – најдепресивен град на Балканот

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница