Каракачанов: Бугарија е на страната на Унгарија во спорот со ЕУ

Од:

Бугарскиот вицепремиер и лидер на партијата ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов денеска најави дека Бугарија ќе ја поддржи Унгарија во процесот што Европската унија сака да го покрене против оваа земја.

– Земјите од Источна Европа треба да се поддржуваат една со друга кога се работи за нашите односи со Брисел. Денеска Унгарија, утре Полска, задутре и Бугарија може да се најде на обвинителната клупа, изјави Каракачанов по денешната седница на бугарската Влада.

Европскиот парламент неодамна гласаше за покренување на постапка за казнување на Унгарија, со потенцијално одземање на нејзиното право на глас во ЕУ, поради извештај на европратеничка во кој Унгарија беше обвинета за кршење на човековите права.

Пратениците, вклучително и мнозинството пратеници од конзервативната партија Европска народна партија (ЕПП), на која и припаѓа партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ја критикуваа Унгарија поради затворањето на границата пред мигрантскиот бран, казнувањето на невладините организации кои им помагаат на мигрантите и постапката против универзитот ЦЕУ основан од Џорџ Сорос.

Слична постапка претходно беше покрената и против Полска. Унгарија и Полска најавија дека ќе се поддржуваат меѓусебно во процесот во кој е неопходна согласност на сите други земји членки на ЕУ, за на една членка да и се одземе правото на глас. И Чешка исто така се изјасни дека ќе биде против казнувањето на Унгарија.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп