Караџиќ поради здравствената состојба побара да биде ослободен до обжалување на пресудата

Од:

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, кој беше осуден од Меѓународниот трибунал на 40 години затвор за геноцид и други злосторства за време на војната во Босна во 1992-1995, побара поради влошената здравствена состојба да биде ослободен до обжалувањето на пресудата, која ја нарече „чудовишна“.

Караџиќ го упати тоа барање денеска при првата изјава во Трибуналот по произнесувањето на пресудата.

Тој побара да биде сослушан од судот, за да биде разгледана неговата здравствена состојба, и за болестите ги обвини лошите услови во затворот, кои, според него биле „како од 19 век, како некој комунистички или турски затвор“.

Американскиот адвокат на Караџиќ Питер Робинсон рече пред судијата Теодор Мерон дека по пресудата Караџиќ е потиснат и е како „тигар во келија“.

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Горан Наумовски

Република Српска ги прекинува евроинтеграциите

Закана: Без нова источна интерконекција нема ниту Јужна интерконекција во Босна

Предраг Петровиќ

Нов тест и криза: Собранието на Српска можно е да му забрани на Милорад Додик да оди во Судот на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ