Каменос: Центрите за регистрација на бегалци ќе бидат готови до 15 февруари

Од:

Изградбата на центрите за регистрација на бегалците на грчките острови во Егејско Море ќе заврши до 15 февруари, изјавија денеска грчкиот министер за одбрана Панос Каменос по сердбата со претставникот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) за Грција, Филио Леклерк.

Каменос, Леклерк и неколку високи претставници на УНХЦР вчера ги посетија островите Хиос, Кос, Лерос, Самос и Лезбос, каде до средината на месецот треба да бидат изградени пет центи за регистрација на бегалците.

– Целата енергија и капацитет на грчката армија сега се посветени центрите да бидат готови до определениот рок, 15 февруари, посочи Лекрерк.

Тој додаде дека ситуацијата се уште е многу тешка бидејќи голем број бегалци секојдневно продолжуваат да пристигнуваат на островите. 

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море