Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило

Од:

Првоосомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, Срѓан Јанковиќ на распитот во полиција зборувал на влашки јазик, додека пак Дејан Драгијевиќ, осомничен како соучесник веднаш го признал делото, пренесува Нова.рс.

Од таму посочуваат дека двајцата вработени во ЈКП Водовод биле пијани кога го извршиле делото, а телото на девојчето го ставиле во службеното возило „Фиат панда“ и го однеле на дива депонија.

Според изворите на Блиц.рс пак, полицијата во текот на потрагата по Данка Илиќ ги повикала двајцата осомничени на распит затоа што нивниот службен автомобил бил виден во близина на местото каде што Данка беше пријавена за исчезната, но за брзо ги пуштиле на слобода поради недостаток на докази.

Откако форензика покажала дека во нивниот службен автомобил има траги од крв во нивниот службен автомобил, тие биле уапсени.

Би можело да ве интересира

Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“ чии имиња не смеело да се споменат досега

Катерина Ѓуровски

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Македонија

Катерина Ѓуровски

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

Почнува пробното производство на српската „панда“

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор