Кацин: По Велигден се планира повторно отворање на некои фабрики

Од:

Словенечката Влада прави план по Велигденските празници повторно да дозволи некои фабрики да ги активираат погоните и да почнат со производство.

Голем број производствени капацитети низ државата се затворени поради епидемијата на коронавирусот.

Според портпаролот на Влада Јелко Кацин, владата ги преиспитува мерките за ограничување и прави планови за враќање на државата во нормална ситуација.

– Работиме на тоа некои погони во индустријата да ги отвориме по Велигденските празници, секако ако продолжи трендот на намалување на бројот на новозаразени со коронавирусот, изјави Кацин.

Портпаролот не сакаше да открие повеќе детали за плановите, но најави дека владата ќе има посебна седница за тоа прашање, а кога ќе имаат нешто конкретно тоа ќе и биде и соопштено на јавноста.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски